Одложување на алармот може да влијае на целиот ден

Ако се разбудите поспани, лесно можете да паднете во искушение да го одложите алармот на уште неколку минути, без да бидете свесни дека му предизвикувате шок на организмот.

Треба да знаете дека во тие 10-15 минути вие всушност не одмарате, туку го ставате телото во состојба на бунило и откако ќе се разбудите, да бидете дезориентирани. Оваа состојба на дезориентираност може да потрае и до четири часа, односно половина работен ден.

Ова се случува затоа што телото и мозокот мислат дека со повторното заспивање треба да го почнат наново циклусот на сонот. Можеби сите сонуваме за тоа кога ќе се разбудиме да бидеме свежи и наспани. Меѓутоа, поголемиот дел од нас прават вообичаени грешки и со тоа може и со денови да се чувствуваме како да нè прегазил воз.

Затоа, одолејте на искушението да го одложите алармот, бидејќи единствено што можете да добиете е замор преку целиот ден и чувство на насилно прекинат сон.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.02.2019 - 23:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега