Основниот кривичен суд Скопје информира дека главната расправа за предметот поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која беше закажана за утре се одлага.
Причината за одложувањето е барањето на одбраната, откако адвокатката на еден од обвинетите, Сузана Јошевска Анастасовска, вчера беше избрана за член на Судскиот совет на РСМ.
„Заради исполнување на правото за ангажирање нов бранител и негово запознавање со предметот, утрешната расправа се отповикува“, се вели во соопштението од Судот.
Судењето ќе продолжи на веќе утврдениот следен термин, на 26 јануари 2026 година во 09:30 часот, во судницата во КПУ Идризово.

