Одложена комисиската седница на која требаше да се расправа за Законот за лични карти

Седницата на собраниската Комисија за политички системи и односи меѓу заедниците е одложена за во понеделник. На дневниот ред на седницата денеска требаше да се најде Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта, во второ читање.

Причина за одложување на седницата на Комисијата за политички системи и односи меѓу заедниците, како што тврдат пратениците од Левица е исчезнувањето на 1.800 амандмани поднесени од оваа политичка партија.

„Членовите од Пратеничката група и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на Комисија за Политички систем и односи меѓу заедниците, со процедурални забелешки силно се спротивстави на самоволието на спикерот Талат Џафери за неделовничкото одбивање на амандманите и успеа да ја одложи најавената комисиска расправа за законот за лични карти. Тензичната атмосфера на комисијата беше буквално разбиена со аргументираните забелешки на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Власта немаше аргументи и ја одложи седницата. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се спротивставува со сите демократски средства кои ни стојат на располагање“ велат од ВМРО - Дпмне.

 

22.07.2021 - 18:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега