Министерството за здравство соопшти дека од 1 мај стапуваат на сила нови, намалени максимални цени за стотици лекови во државата. Министерот Азир Алиу информираше дека по извршеното годишно усогласување, поевтинување е постигнато кај 156 оригинаторни и 174 генерички лекови, како и кај 13 лекови од интервентен увоз.

Најзначајната промена е кај лекот „Ксарелто“, кој е клучен за кардиоваскуларни заболувања и кој граѓаните досега често го купуваа од странство поради високите цени кај нас.

„Кај овој лек е постигнато значително намалување. Таблетите од 15mg и 20mg од 2.307 денари паѓаат на 1.606 денари, додека пак пакувањето од 10mg од 824 денари се намалува на 589 денари во прометот на големо“, потенцира Алиу.

Exit mobile version