Одговор кој никој не го очекуваше: Д-р Ана Глигиќ откри дали ќе има втор бран коронавирус

Ана Глигиќ од Србија, е виролог во пензија која во 1972 година била шег на лабораторија во тек на епидемијата вариола вера во Белград, експерт кој ги познава вирусите многу добро и на чиј збор се верува.

Таа ги споделила своите предвидувања како вирусот ќе се однесува во месеците кои се пред нас, но зборувала и за руската вакцина.

-Нема многу лесно да се ослободиме од вирусот. Постојат само две опации - или ќе дојдеме до колективен имунитет или ќе следува вакцинирање, за да го сведеме на најмала можна мера - рекла д-р Глигиќ.

На прашањето кога се очекува вториот бран, дала одговор кој малкумина од нас го очекуваат.

-Нема да има втор бран. Ќе има само пикови. Ваквите вируси епидемиски се јавуваат на секои 4 до 7 години. Најпрво мора да згасне епидемијата ковид-19 во циркулација, па дури потоа може да се појави втор бран после неколку години. А, потоа повторно да се појави. Дали и тогаш ќе има епидемиски или пандемиски карактер тоа не знаеме - рекла таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.09.2020 - 18:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа