Одел во Грција на одмор со семејството, го уапсиле за воени злосторства
Соседна Грција одредила притвор за 59-годишен српски државјанин кој е уапсен по европска потерница од хрватските власти заради воени злосторства направени од 1991 година, објави грчката новинска агенција „АНА“.
Србинот е уапсен минатата недела на граничниот премин „Евзони“ додека со семејството патувал на одмор во Платамона.
Според документацијата на хрватското обвинителство, обвинет е за соучесништво во воените дејствија при што била уништена инфраструктура и загинаа цивили во хрватските места Вочин и Хум, пред 31 година.
Тој негира дека сторил воени злосторства и тврди дека бил само обичен војник и извршувал заповеди.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа