Одел пешки 50 километри со пила забодена во стомакот

Бразилецот Грегорио Стејнмед пеш минал 50 километри со пила забодена во неговиот стомак.

56-годишниот земјоделец Стејнмед со пила сечел дрва во дворот на неговата куќа, но пилата му се лизнала и му се забила во стомакот.

- Мојот сопруг сакаше да ја извлече пилата од стомакот, но јас го спречив во тоа и му реков дека мора да оди во болница, изјави Фрида Марија, неговата сопруга.

За чудо, пилата не оштетеила ниеден витален орган кај Бразилецот.

ФОТО: Денешен 

најчитано сега