Оддеднаш падна како покосена: Данска директорка на агенција за лекови се онесвести среде прес конференција (ВИДЕО)

Директорката на Данската агенција за лекови, Тања Ериксен се онесвести за време на прес-конференција на која беше речено дека земјата засега ќе ја прекине вакцинацијата со АстраЗенека.

Тројца мажи побрзаа да и помогнат.

Директорот на данската здравствена администрација, Сорен Бростром, кој разговараше со неа на прес-конференција, веднаш побрза да и помогне, а дотрчаа и новинарите веднаш. Заедно ја сместија во странична положба.

Потоа била пренесена во болница, по што се чувствувала подобро. Се претпоставува дека сè било предизвикано од замор и низок крвен притисок.

Патем, Данска е првата земја во Европа што одлучи да ја прекине имунизацијата со оваа вакцина поради наводот дека оваа вакцина предизвикува појава на згрутчување на крвта кај пациентите.

Да потсетиме, поранешниот холандски министер за здравство Бруно Бруинс исто така се онесвести пред камерата во средината на март, но за време на собраниска седница. Како што рече тогаш, повеќе не можеше да се носи со притисокот и стресот.

Фактот дека многу европски функционери се заморуваат го потврди и министерот за здравство и социјални работи на Австрија, Рудолф Аншобер, кој пред неколку дена реши да си даде оставка, „затоа што тој веќе нема сили да ја води оваа важна институција за време на борба против пандемијата “. Него го замени виенскиот лекар Волфганг Микштајн.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2021 - 08:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега