Од Влада немаат информации дека Макрон следниот месец доаѓа во посета на Македонија

Денеска во македонските медиуми кои се повикуваа на албанските, беше објавено дека францускиот претседател Емануел Макрон ќе ги посети Скопје и Тирана следниот месец.

Од Владата за „Мета“ изјавија дека „таква информација во овој момент немаат“.

Макрон кој на Самитот на ЕУ стави вето за отворање преговори со Албанија и Македонија, на прес-конференцијата што ја одржа по Самитот најави дека планира да дојде во Скопје и во Тирана на средби со премиерите Зоран Заев и Еди Рама, но не прецизираше кога.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 18:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега