Од утре влез во Србија само со негативен ПРЦ тест не постар од 48 часа

„Странците кои доаѓаат во Србија од одредени земји ќе треба да има негативен PCR тест, не постар од 48 часа, одлучил српскиот Кризниот штаб. Одлуката важи граѓаните на Македонија, Хрватска, Бугарија и Романија“, изјави за српската РТС епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

Исто така, било одлучено да се стопираат ограничувањата што важеле за граѓаните на Црна Гора. Сите мерки стапуваат во сила од утре.

Дарија Кисиќ Тепавшевиќ за РТС изјавила дека одлуката е донесена врз основа на проценка на тековната епидемиолошка состојба и трендот на зачестеноста на вирусот кај луѓето, што е забележано во последните денови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2020 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа