Од утре, влез без тест во Србија

Српската влада, на денешната седница, го усвои предлогот на Кризниот штаб, за отварање на граничните премини и слободен влез во Србија, без потребниот тест за коронавирус.

Кризниот штаб, на состанок во вторникот, ја анализираше тековната епидемиолошка состојба и адаптирањето на мерките, по што на Владата ѝ беше препорачано, почнувајќи од петок – 22 мај , за влез во Србија да не се бара негативен тест на ковид-19 или посебна дозвола, како за домашните, така и за странските државјани.

На сите лица што влегуваат на територијата на Србија ќе им бидат издадени здравствени предупредувања во кои ќе се наведува дека влегуваат на територија каде што се уште циркулира вирусот, како и за начините за спречување со инфекција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2020 - 18:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега