Од утре кратки прекини во водоснабдувањето во две скопски населби

Од утре до петок во населеното место Драчево и дел од Долно Лисиче можни се кратки прекини на водоснабдувањето.

Од „Водовод и канализација“ информираат дека прекините се поради тоа што ќе се врши етапно чистење, дезинфекција и испирање на двете комори во резервоарот Драчево.

Прекините ќе бидат во периодот од 8 часот до завршување на активностите. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.03.2020 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега