Од утре автобусите на ЈСП ќе возат по зимски возен ред, се воведува и нова автобуска линија

Од утре, согласно Одлуката за линиски превоз на патници во Град Скопје, јавниот превоз ќе функционира по делничен, зимен возен ред.

Како што информира ЈСП „Скопје“, во сообраќај ќе бидат вклучени зголемен број возила во споредба со изминатите речиси три месеци.

Возниот ред е достапен на веб страницата www.jsp.com.mk 

Од утре ќе почне да функционира новата автобуска линија „111“ (Сарај – Радуша). Почетна/крајна постојка во Сарај ќе биде на постојката на последна линија „2“, а во Радуша почетна/крајна постојка ќе биде сред село.

Како што информира ЈСП „Скопје“, автобусите на линијата „111“ ќе сообраќаат од понеделник до петок, по следниов возен ред: Сарај : 5.35 ч, 7.05 ч, 11.10 ч, 13.40 ч, 15.20 ч и 19.30 и Радуша: 6.15 ч, 7.55 ч, 12 ч, 14.30 ч, 16.10 ч и 20.20 ч.

31.08.2022 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега