Од специјална обвинителка до уапсена за Рекет - Која е Катица Јанева

Катица Јанева, специјалната јавна обвинителка која перидов е во центарот на медиумското внимание поради случајот „Рекет", заработи 30. дневен притвор и се наоѓа во затворот Шутка, а доживеа голем удар кога истиот ден почина и нејзината мајка.

 Катица Јанева порано Делиџакова, родена е на 9 февруари 1965. година, а татко и бил преседател на Основниот суд во Гевгелија. Студирала на Правниот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј од 1983 до 1989 година, а правосудниот испит го положила во 1996 година, по што во 1998. се вработила како стручен соработник во Судот во Гевгелија. Кариерата ја почнала како помошник обвинител. Во 2009 е именувана за обвинител, додека во 2010 година е избрана од Советот на јавни обвинители за шеф на Основното јавно обвинителство Гевгелија.

Јанева завршила обуки за организиран криминал и корупција во Италија. Била на студиски патувања во САД и била едукатор на неколку програми на Академијата за судии и обвинители, пред да биде избрана за специјален јавен обвинител во СЈО на 15. септември 2015 година.

ЕМагазин објави дека специјалната обвинителка во својот имотен лист доставен до Државната изборна комисија за спречување корупција, пријавила два стана во Скопје едниот од 68 метри квадратни, а другиот од 72 метри квадратни на име на нејзините деца, куќа во Гевгелија на свое име, земјоделско земјиште во Мрзенци и плац во Коњско, а и три возила, Ровер 45, Ауди А4 и Голф 4. Пријавила и депозити и кредитни картички на свое име и на децата, како и кредити.

Таа е во центарот на медиумското внимание откако на снимките кои ги објавува италијанскиот весник Ла Верита, се слушна нејзиниот глас како му вели на Орце Камчев од кого првоосомничениот во случајот Боки13 и второосомничениот Зоки Кичеец бараат пари, дека се ќе биде добро.

Таа во своја одбрана изјави дека го барала Камчев како сведок во предпостапка и комуницирала поради тоа со него, а денеска за случајот за кој опозицијата повеќе пати побара оставка и притвор за неа, таа ќе дава исказ во Обивнителството.

Оставката на функцијата специјален јавен обвинител ја поднесува на 15 јули 2019 година, неколку часа пред започнување на прес конференцијата од страна на (реовното) Основно јавно обвинителство во која двајца се осомничени за изнудување на големи суми на пари за влијание врз некој јавен обвинител. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.08.2019 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега