Од Скопје до Гевгелија ќе има 5 патарини

 

Наместо три како што беше првично планирано, на новиот автопат од Демир Капија до Смоквица којшто треба да биде пуштен во употреба до крајот на месецот, ќе има две патарини. На стариот пат во овој дел досега немаше ниту еден наплатен пункт, јавува Алсат.

Тоа значи дека за 28 километри ќе има две плаќања, односно од Скопје до Гевгелија ќе имаме дури пет патарини. Но, граѓаните годинава кога ќе патуваат кон Грција ќе бидат поштедени од плаќање на новите две патарини. Тие се очекува да бидат изградени до крајот на годинава.

„Од моментот на давање на дозволата за градба, рокот за изградба е осум до десет месеци… Две патарини ќе има, една кај Гевгелија, една кај Демир Капија….Со најсовремен систем со сите светски мерила, да немате веќе застој“, рече Зоран Китанов, директор на Агенција за патишта.

Министерот Сугарески информираше дека паралелно со изградбата на автопатите почнуваат градежни активности за реконструкција на 30 патишта низ земјата.

„Имаме над милијарда денари оваа година коишто ќе бидат потрошени во делот на реконструкција на регионалните патишта, експресните патишта. Наши средства. Се разбира и оние други средства кои дополнително се предвидени од Светска банка, ЕБОР…“, изјави Сугарески.

На терен веќе се завршува реконструкција на шест делници во должина од 58 километри во вредност од 304 милиони денари

 

 

 

16.04.2018 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега