Од сабота две третини од Французите во карантин

Повеќе од две третини од Французите навечер ќе мора да останат дома почнувајќи од сабота поради воведувањето полициски час на голем дел од територијата. Оваа одлука е донесена како дел од борбата против вториот бран на коронавирусот.

Францскуот премиер Жан Кастекс информира дека отсега 46 милиони Французи ќе треба да го почитуваат полицискиот час од 21 до 6 часот наутро.

– Следните недели ќе бидат тешки и нашите болнички служби ќе бидат изложени на големи предизвици, предупреди премиерот, кој очекува тежок ноември и зголемување на бројот на починати од ковид-19.

Досега, полицискиот час се однесуваше на 20 милиони Французи, особено во големите градови, вклучувајќи го и Париз и неговата околина.

Полицискиот час значи и дека кафулињата, рестораните и продавниците ќе затвораат во 21 часот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 20:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега