Од Русија тврдат: Успешно развивме имунитет кај населението, сега имаме мала стапка на заразени
Русија разви имунитет на коронавирусот и во споредба со другите држави има ниска стапка на заразата, изјави шефицата на руската Федерална служба за надзор и заштита на правата на потрошувачите и доброто на луѓето, Ана Попова.
„Нашата економија функционира, сите индустрии функционираат, ние научивме да работиме и развивме имунитет на населението и релативно ниска стапка на зараза во споредба со другите“, рекла Попова за време на сесијата со водечките епидемиолози и виролози, пренесува Тасс.
Таа рекла дека Русија во моментов е на 60. место во светот по бројот на заразени на 100.000 жители.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа