Од полноќ нова цена на бензините и дизелот во Македонија

 

Движењето на цената на суровата нафта на светските берзи најавува ново покачување на малопроджаните цени на нафтените деривати во Македонија.
Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ја соопшти новата цена на горивата, а имајќи го предвид константниот раст на цената на суровата нафта и пробивањето на границата од 70 долари за барел за очекување е од полноќ да возиме поскапо.

Во моментов барел нафта на берзата во Лондон чини 71,5 долари што е пониска цена од петокот кога достигна до 72,5 долари за еден барел.

Регулаторна на 2 април пресмета дека просечната цена на берзите за претходните две недели била 67,7 долари за еден барел. Доколку сегашниот просек отиде над 70 долари, тогаш можеме да очекуваме зголемување на цените и за повеќе од 2 денари по литар.

 

 

 

 

16.04.2018 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега