Од починатите во фаталната несреќа во Бугарија, двајца биле полицајци

Извори на полицијата за „ТВ Алсат“ откриваат дека помеѓу 44-те жрви кои фатално загинаа во автобуската несреќа во Бугарија, има и двајца полициски службеници.

Според информациите од членовите на семејството, станува збор за Енис Раманоски, заменик командир на полицијата во Дебар и Саде Мустафоски, полициски службеник на граничниот премин „Блат“ со Република Албанија.

Членовите на семејството објавија фотографии на социјалните мрежи со кои потврдуваат дека меѓу жртвите во трагедијата на 23 ноември се и Мустафоски и Раманоски. Информацијата ја Aлсат ја потврдиле и полициски извори, кои додале дека треба да се очекува вештачењето на бугарските власти за официјална потврда.

 

25.11.2021 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега