Од Нова година во Србија ќе поскапат гасот и струјата

Српската министерка Дубравка Ѓедовиќ за медиумите откри дека струјата во Србија од 1 јануари ќе поскапи за 10 отсто, додека цената на гасот ќе се зголеми за 11 отсто.

Според пресметките, за просечна потрошувачка на електрична енергија во домаќинствата сметката ќе се зголеми за 300 динари.

Ова е ново поскапување на струјата во Србија, откако претходно цената се зголеми на 1 септември.

21.11.2022 - 23:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега