Од механичарска работилница украдено службено возило на Народниот правобранител

 

Возило „лада нива“ со скопски регистарски ознаки, а во сопственост на институцијата Народен правобранител било одземено од механичарска работилница на локалниот пат Тетово – Скопје.

Кражбата се случила во периодот од 12 до 14 јуни, а истата ја пријавил Б.Ш. (32) од селото Ласкарци во општина Сарај.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

15.06.2022 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа