Од Ковид 19 почина докторка од Ресен - колегите со емотивна порака се збогуваа од неа

Докторката Поликсена Стојановска–Ѓоргиевска или како што ресенчани ја викаа доктор Поли, починала на Клиниката за инфективни и фебрилни болести во Скопје, поради компликации предизвикани од коронавирусот, откако претходно била хоспитализирана и во битолскиот ковид центар.

Веста за смртта на докторката ја објави Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на својата Фејсбук страна.
Колегите од Здравствениот дом со емотивна порака се простија од својата колешка.

„Тешко е да се простиш од некој и да кажеш збогум кога е тој нераскинливо врзан за твоето постоење и функционирање. Но е лесно кога треба да кажеш што сѐ тој човек значи за нас“, стои на Фејсбук страната на Здравстевниот дом во Ресен.

Радиологот Стојановска–Ѓоргиевска целиот свој работен век е дел од Здравствениот дом во Ресен, целото свое знаење и квалитет ги вгради во оваа институција, а како што велат нејзините колеги „цела своја човечност и топлина им ја даде на пациентите во Преспа“.

„Насмеана, тивка, одмерена, но со силен став и професионалност. Беспрекорна во својата работа, бескомпромисно да одговори на лекарски позив, па дури и во овие времиња- невремиња беше во првата линија, не враќајќи ниту еден пациент, не отстапувајќи – ниту еден ден“, велат колегите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.11.2020 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега