Од коронавирус во светот починаа 1.139.638 лица – дневен преглед на состојбата

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 41.734.115 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.139.638 пациенти, а оздравеле 31.059.565 луѓе.

-Албанското Mинистерство за здравство и социјална заштита информираше дека продолжува високата бојка на новозаразени со Ковид-19, појава присутна од крајот на минатиот и овој месец. Во последното деноноќие од направените 1.405 тестови,позитивен резултат е добиен кај 302 лица и е највисока бројка на новозаразени во еден ден,со што вкупната бројка достигна 18.250. Во исто време оздравени 54 или 10.395, додека починале три лица или 465 досега.

-Велика Британија регистрира 189 смртни случаи, два помалку од вчера. Според податоците од последниот дел, се разболеле уште 21.242 лица. Тоа е помалку од вчера кога беше регистриран рекорден број на заразени лица за еден ден – 26.688, од почетокот на пандемијата. Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека земјата не може да се потпре само на идната вакцина, туку треба да се преземат други мерки со цел да се сузбие ширењето на епидемијата на вирусот.

-Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 190 новозаразени и три смртни случаи, објави Институтот за јавно здравје. Најмногу заразени има во Подгорица – 121. Вкупниот број на смртни случаи поврзани со Ковид-19 од почетокот на јуни е 244, а од почетокот на годината 253.

-Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина се регистрирани 999 новозаболени и 20 починати лица, од кои 606 се позитивни, а 17 смртни случаи во Федерацијата БиХ. Бројот на новозаразени е за 71 лице поголем од вчера. Во Федерацијата БиХ во моментов има 5.483 активни случаи. Заклучно со денеска, вкупниот број на смртни случаи во Федерацијата БиХ е 682 – 456 мажи и 226 жени. Во Република Српска се регистрирани 387 новозаразени и три смртни случаи во последните 24 часа.

-Во Австрија, бројот на новоинфицирани со вирусот за првпат надмина 2.000. Во изминатите 24 часа беа регистрирани 2.435 новозаболени лица, што е нов рекорд од почетокот на епидемијата во Австрија. Рекорден број на новоинфицирани лица е забележан и во Виена – 659 лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа