Од коронавирус почина свештеник на МПЦ

По четиридневна хоспитализација во Инфективното одделение од болницата во Велес, утрово почина маж на возраст од 58 години, објавија од болницата која овие денови се соочува со полни капацитети и висока стапка на смртност меѓу пациентите.

„Утрово околу 8:30 часот почина маж на 58-годишна возраст од Богомила, кој е примен во болница на 22.10.2020 година со позитивен тест и од приемот е на кислородна поддршка“, соопшти др. Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа болница Велес.

Порталот Батали.нет објави дека починатиот бил свештеник на МПЦ-ОА. Тој е 24 жртва на коронавирусот во Велес од почетокот на епидемијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.10.2020 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега