Од идната недела апликација за следење на луѓето кои имале контакт со заболени

Нaјавената апликација за следење на граѓаните кои имале контакт со заболено лице ќе биде активирана следната недела. Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски информира дека со неа ќе гарантира безбедност на личните податоци на граѓаните кои самите ќе треба да ја симнат на своите мобилни телефони.

-Апликацијата ќе ги чува личните податци на граѓаните до одреден временски период и тие ќе се следат во наредните 14 дена. Во случај некој да се заразил ќе му бидат барани апликациските броеви. Ова е неинвазивна метода, ние помогнавме во технолошкиот дел. Доколку граѓаните не ја симнат апликацијата, нема да има ефект. Ваквата апликација во Сингапур дала многу добри резултати, а ние сме една од ретките земји во Европа која ќе ја користи. Не треба да има стравување за податоците бидејќи старите податоци по 14 дена се бришат, изјави Манчевски на брифинг со новинарите кој се одржа во Владата преку видео врска.

Тој објасни дека  доколку некој се зарази, тогаш преку неговиот број може да се најде секој кој бил во близина со заразениот во последните 14 дена. Се спаруваат добиените броеви со мобилните броеви на луѓето кои во последните 14 дена биле во контакт. Овој податок е многу битен за епидемиолозите кои вака лесно можат да ги најдат лицата кои биле во близина на заразениот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.04.2020 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега