Од денеска, 1 јануари 2026 година, Бугарија официјално стана 21-ва членка на Еврозоната, со што левот се заменува со еврото како нова национална валута. Оваа промена е значајна и за македонските граѓани кои често патуваат кај источниот сосед.

Иако еврото е официјално во употреба, следува преоден период. До 31 јануари ќе може да се плаќа и во левови, но трговците ќе мора кусурот да го враќаат исклучиво во евра. Фиксниот курс на конверзија е утврден на 1,95583 лева за едно евро.

Од утрово, дури 96% од банкоматите во Бугарија издаваат само евробанкноти, а останатите ќе се прилагодат во следните две недели. За да се спречи манипулација со цените, земјата влегува во период на „двојни цени“ – сè до 8 август 2026 година, во продавниците цените ќе бидат истакнати и во левови и во евра.

Левовите во готовина ќе можат да се заменат за евра во која било банка, пошта или во Бугарската народна банка.

Exit mobile version