Од денеска нови цени на горивата низ Македонија

Регулаторната Комисија за Енергетика вчера стандардно како и секој понеделник во неделата, ги објави новите цени на горивата.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0.75%.

Согласно одлуката, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 0.5 денари, и еден литар 95-октански бензин ќе чини 68.00 денари.

Цените на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се намалуваат за по 1.00 денари. Еден литар 98-октански бензин ќе чини 70.00 денари, додека еден литар дизел ќе чини 62.00 денари.

Цените веќе важат од полноќ на бензинските.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.10.2019 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега