Од денеска нема настава во градинките и основните училишта во Центар

Општина Центар ја известува јавноста дека заклучно од денеска општинските градинки и основни училишта нема да работат и одржуваат настава. Мерката за прекинување на воспитно-образовниот процес согласно препораките на Владата, ќе трае 14 дена и ги опфаќа осумте основни училишта и трите градинки заедно со клоновите, кои се наоѓаат на територија на општината.

Овој чекор, како што информираат од Општина Центар, следи по одржаната 15-та седница на Владата и донесените одлуки, препораки и заклучоци од истатата седница, а се однесува на моменталната состојба со коронавирусот.

– Воедно, ги известуваме жителите и дека од денеска, се прекинуваат редовните приемни денови и приемното време во Секторот за урбанизам на општината (вторник и четврток од 13:00 до 15:00).  Архивата на Општина Центар и понатаму ќе продолжи со прием на предмети во редовното работно време, од 9:00 до 15:00 часот, се вели во соопштението од Општина Центар.

Градоначалникот Саша Богдановиќ и Општина Центар апелираат до жителите да ги почитуваат препораките и мерките кои доаѓаат од Министерството за здравство и Владата и да се придржуваат до истите со цел намалување на ризикот од доаѓање во допир и заразување со коронавирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.03.2020 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега