Од денеска не работи жичницата, не возат ниту бесплатните автобуски линии до Средно Водно

Градот Скопје ги информира граѓаните дека од денеска  жичницата на Водно нема да работи, во согласност со мерките и препораките за заштита од корона вирусот.

„Од денеска нема да сообраќаат ниту трите бесплатни автобуски линии до Средно Водно (со броевите 25, 25А и 25Б), а во согласност со тоа, во катната гаража „26 Јули“ паркирањето ќе се наплаќа секој ден од неделата, според утврдениот тарифник. Поради воведените мерки и препораки за заштита од корона вирусот, паркирањето на Средно Водно исто така ќе се наплаќа секој ден, според утврдениот тарифник.“соопштуваат од Град Скопје.

Градот Скопје навреме ќе ги информира граѓаните за секоја промена на новонастанатата ситуација во нашата земја.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.03.2020 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега