Од денешните новодијагностицирани со коронавирусот, 66 се во Скопје- познато во кои скопски населби има најмногу активни случаи

 

Во последните 24 часа се направени 1.140 тестирања, а регистрирани се 126 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-66, Куманово-6, Штип-15, Прилеп-3, Тетово-19, Струга-2, Велес-2, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-2, Пробиштип-2, Свети Николе-1, Ресен-3.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.334, бројката на оздравени пациенти е 2.475, на починати е 302, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.557.

Најмногу активни случаи има во Чаир- 435, а во осум други општини има над 100 активни случаи и тоа во: Аеродром-160, Бутел-155, Гази Баба-171, Центар – 139, Карпош – 157 случаи, следуваат Сарај – 153 случаи, Кисела Вода – 118 случаи, Ѓорче Петров – 115, а во с. Студеничани има 101 активен случај.

Активни случаи има и во Шуто Оризари – 81, Арачиново – 53, Илинден – 33, Петровец – 19 случаи, Чучер Сандево – 17, Сопиште – 12 и Зелениково-2 случаи.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2020 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега