Од четврток снег

Ведро и особено студено во утринските часови ќе биде времето до среда, проследено со слаб до умерен северен ветер, информираат од УХМР.

Од среда ќе почне да дува јужен ветер, а од запад ќе се зголеми облачноста и температурите ќе бидат во пораст.

Во чеврток преку денот во западите делови на планините ќе има услови за појава на снег, а на пониските места понекаде ќе започне снег кој потоа ќе премине во дожд.

Во петок во западните делови се најавува дожд. Во сабота насекаде ќе има повремен дожд и ќе дува повремено засилен јужен ветер поради кој ќе започне побрзо топење на снегот.

Во Скопје минималната температура во среда ќе биде од -12 до -1, а максималната ќе се движи од -2 до 8 степени. Во четврток минималата температура ќе биде од -7 до 0, а максималната од 2 до 9 степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега