Од амбасадор до министер во новата Влада - колку „тежи“ Асаф Адеми, новиот министер за култура

 

Асаф Адеми од редовите на БЕСА на Африм Гаши е предлогот за нов министер за култура. Ова е неговиот анкетен лист кој го пријавил во времето кога станал амбасадор во Данска. Според тој анкетен лист на свое име нема ништо.

На името на родителите пријавил куќа со деловен простор во Гостивар, од 240 метри квадратни, проценета на 30 милиони денари во наследство.

На нивно име пријавил уште и автомобил од марката „БМВ“, закуп од деловен простор и кредит, а на име на сопругата автомобил „Ренаулт 9“. Откако ќе помине процедурата за избор се очекува Адеми да достави нов анкетен лист до Државната комисија за спречување на корупција.

 

 

 

26.05.2018 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа