Од 129 новозаразени со коронавирусот денеска, 45 се од Скопје- по еден регистриран случај во неколку мали градови

Во последните 24 часа регистрирани се 129 нови случаи на ковид-19 во Македонија, а по градови најмногу од новозаболените се од Скопје.

Според Институтот за јавно здравје бројот на заразени по градови е следен:

-Скопје 45
-Куманово 7
-Дебар 1
-Штип 25
-Прилеп 4
-Тетово 9
-Струга 5
-Битола 6
-Охрид 3
-Кавадарци 1
-Гостивар 9
-Кочани 3
-Демир Хисар 1
-Делчево 1
-Свети Николе 3
-Кичево 6

Инаку, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9797, бројката на оздравени пациенти е 5254, на починати е 451, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4092.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.07.2020 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега