Од 1. јули тестирањето за корона вирусот најверојатно нема да биде задолжително за влез во Грција

Грчкиот министер за туризам најави дека од 1. јули нема да биде задолжително тестирањето за Ковид-19.

-За сега идејата е сите да бидат тестирани, но 1. јули е далеку, таша што најверојатно нема да боде задолжително порача, министерот за туризам Харис Теохарис.

Според него, протоколите и правилата најверојатно ќе претрпат измени, но напомена дека здравствените власти од регионот допрва ќе разговараат на оваа тема.

-Мерките се уште до крај не се дефинирани. Тие ќе бидат договарани на билатерално ниво. Се Очекува наскоро да има разговори на сите нивоа и ќе се најде решение за сите земји од Балканот, порача Теохарис.

А од домашните хотелски капацитети велат дека се подготвени за туристичката сезона, но проблемот е што се уште не се знае кога хотелите ќе смеат да се отворат, и под кои правила.

Нивна надеж оваа летна сезона ќе бидат домашните туристи. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.05.2020 - 08:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега