Очевидец на изгорениот автобус: Најголема причина е несоодветната брзина на возачот

Најголема причина за тешката несреќа е несоодветната брзина на возачот. Вакво мислење за БНТ изјави Васко Пиргов, експерт за мотори со внатрешно согорување, кој пристигна во првите минути по несреќата на автопатот Струма.

„Влегувајќи во заштитната ограда, автобусот го крши знакот, кој го фрла 35-40 метри напред, ја гази гумата, таа пука – ова е татнежот што некои го слушнале, за експлозијата станува збор“, објасни Пиргов.

Според него, во предниот дел на автобусот, каде што се случил фаталниот удар, имало лесно запалива материја.
24.11.2021 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега