Очевидци за трагедијата кај Драчево - загина полицаец со семејството

Пет лица загинаа во страотна сообраќајна несреќа која се случи синоќа кај бензиската пумпа „Лукоил“ на влезот во Драчево.

Како што информира „Магазин“во несреќата настрадал поранешен полицаец од полициската станица Драчево заедно со своето семејство.

Инаку, до несреќата дошло кога автомобил „Рено 5 кампус“ се судрил со камион за собирање на ѓубре. Три лица починале на лице место, а две лица починале на скопските клиники. Неофицијално меѓу загинатите има и деца.

Очевидци тврдат дека Реното се движело со поголема брзина при што изгубило контрола и директно удрило во камионот за смет. Што точно се случило ќе утврди истрагата. Голем број вештаци синоќа беа на терен и собираа докази. Три возила на погребално претпријатие дојдоа да ги однесат телата на починатите.

Од МВР се уште нема официјална потврда за информациите. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2019 - 08:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега