Очевидци велат дека возачот испаднал од автобусот пред да се преврти: „Губеше свест, го најдовме на патот“

Со повреди и во крв возачот на автобусот излетал од автобусот пред тој да падне во ендекот  на локалниот пат и да се преврти на покрив. Очевидци на местото на несреќата денес раскажаа дека возачот со автомобил го носеле во болница заедно со уште неколку повредени патници и дека тој лежел на локалниот пат откако со автобусот ги пробил заштитните огради и се превртел, пренесува МКД.мк

„Возачот на автобусот и уште неколку патници ги носев во болница. Тој губеше свест неколку пати, а го најдовме на локалниот пат. Најверојатно испаднал од автобусот кога тој се превртувал", раскажа очевидец на трагедијата за МКД.мк.

Според обвинителството, возачот на автобусот немал алкохол во крвта, а вештачењето на мобилниот телефон ќе покаже дали зборувал со некого во моментот на несреќата во која загинаа 14 лица. Според неофицијални информации, возачот не се сеќавал на настанот. Тој сега е на домашно лекување.

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2019 - 19:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега