Очекувајте ветер и пад на температурите - метеоролозите со нови информации за времето

До крајот на денов во нашата држава ќе имаме сончево и уште потопло време од претходните денови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој особено долж Повардарието повремено ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени, информира метеорологот Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Ветерот повремено ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 22 степени.

Во следните денови и тоа во попладневните часови локално ќе има повеќе облаци. Особено во недела ќе има услови за локален краткотраен дожд а ќе дува и слаб до умерен ветер. Во сабота од северен, во недела од југоисточен правец.

Максималните дневни температури утре ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени, потоа во следните денови ќе бидат малку пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега