Очекувајте снег - во петок и следниот викенд најавена нова промена

Променливо облачно време со локални и послаби врнежи од дожд ќе преовладува денеска. На планините на север се најавуваат врнежи од снег.  Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено в долж Повардарието, кој ќе се задржи и во следните денови, информира Управата за хидрометеоролшки работи (УХМР).

Поради продор на студена воздушна маса од север од утре попладне и в четврток ќе има локални врнежи кои речиси насекаде ќе бидат од снег. В петок и за време на викендот ќе биде многу студено, а температурата во поголем дел од земјава преку целиот ден ќе се задржи под нулата

Поради врнежите во изминатите денови зголемени се нивоата кај сите водотеци и езера низ државата, поради што од  УХМР предупредија за внимателно движење покрај тие места поради можност од појава на големи води, излевања, свлечишта и одрони.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.01.2021 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа