Очекувајте повик: Град Скопје ќе ве контактира доколку сте аплицирале за субвенции за инвертер

 

Скопскиот градоначалник Петре Шиелгов на својот фејсбук профил објави дека Градот започнал со контактирање на граѓаните кои аплицираа на повикот за субвенции на инвертер климите.

– Дел од вас ќе добијат е-меил и телефонски повик со инструкции за терминот и локацијата на која ќе можат да ги достават старите и дотраени печки. Бидејќи се работи за голем број на апликации кои треба да се обработат, замолувам за трпение и разбирање за времетраењето на овој процес. Комисијата ќе ги контактира граѓаните кои аплицирале редоследно, според датата и времето на аплицирање. Првопријавените ќе бидат контактирани уште во текот на следната недела, но контактирањето нема да престане додека не биде исконтактиран и последниот пријавен на повикот-напиша Шилегов.

Драги скопјани, Започнуваме со контактирање на граѓаните кои аплицираа на повикот за субвенции на инвертер климите. Дел...

Posted by Петре Шилегов on Sunday, 6 September 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.09.2020 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа