Обвинителството за украдениот монитор во бугарскиот културен центар: Доказите укажуваат дека единствен мотив е кражба

 

Се преземаат дејствија за расчистување на кражбата на монитор од бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје што се случи вчера.

Од Обвинителството велат дека се издадени сите потребни насоки и наредби за откривање на сторителите.

Според деталите од Обвинителството, настанот се случил ноќта меѓу 15 и 16 март, кога непознати сторители со употреба на сила, освен во објектот на Културно-информативен центар на Република Бугарија, а на сличен начин влегле и во уште два угостителски објекта во непосредна близина.

Од угостителските објекти биле одземени пари, а од Центарот е одземен еден монитор од компјутер.

„При увидот од СВР Скопје, подигнати се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а по наредба на јавниот обвинител се обезбедуваат и снимки од видео надзор. До овој момент сите индиции и докази упатуваат дека единствен мотив во конкретниот кривичен настан е противправно присвојување предмети, односно станува збор за кражба. Надлежните институции постапуваат за откривање на сторителите“, информираат од Обвинителството.

За случајот вчера реагираше бугарското МНР од каде што рекоа дека самата кражба на монитор од компјутер била напад на бугарската држава.

 
17.03.2023 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега