Обвинителството уште не отворило истрага против Рашковски - Тој најави тужби

Основното јавно обвинителство не отворило истрага по допрен глас за генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, но како што велат, будно ја следат ситуацијата, пренесе Алсат.

Тоа значи дека засега, само Антикорупциската комисија ја истражува аферата во која е вклучен Рашковски. Од оваа институција, писмено се обратиле до Владата и до М – НАВ уште минатата недела, за да им ја испратат целокупната документација поврзана со набавката. Но, се уште немаат добиено повратен одговор.

Рокот во кој треба да и ги предадат доказите е 15 дена.

Рашковски минатата недела на прес-конференција се извини и кажа дека ќе покрене тужба  за клевета и навреда кон повеќе лица и интернет портали, поради случајот за тендерот со М-НАВ.

Тужба ќе биде поднесена против Иванка Василевска, Миленко Неделковски, Љупчо Златев, Горан Момировски, партијата Левица, Ирена Радовановиќ, Љупчо Палевски и Ваљон Беља.

На ова реагираа и ВМРО.

- Ако авантата од 7 милиони која чувме од медиумите дека Рашковски ја договара не е точна зошто тогаш чекорите кои Рашковски ги договара по кои италијанската фирма го добила тендерот се вистинити. Зошто на снимката на Рашковски се договараат кои заклучоци ќе се донесат и доколку се провери дали навистина се донеле вистината е поразителна за оваа криминална власт. Рашковски на снимката договара заклучок кој владата навистина го донела за што потврдуваат овие документи, и оттука имаме 10 прашања коишто треба да ги одговори Драги Рашковски, рече Василевска од ВМРО.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2019 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега