Обвинителството работи: Се преземаат мерки за вчерашното дивеење низ Скопје
Во текот на вчерашниот ден додека се славеше Денот на албанското знаме на две места е снимено сквернавење на македонското знаме.
Од Обвинителството велат дека е известен јавниот обвинител и дека се преземаат дејствија за расчистување на настанот.
Од таму додаваат дека со повеќе детали ќе излезат во текот на денот.
Истиот одговор го добивме и од МВР. И од таму велат дека се работи на случајот и дека наскоро ќе има детали за преземените мерки.
Она што може официјално да се добие како информација е тоа дека вчера во МВР имало најава за настан од општина Чаир дека на плоштадот Скендербег ќе има прослава за Денот на албанското знаме.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа