Обвинителството ќе испитува од кои сметки бизнисменот ги повлекол парите за Боки 13-ка

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција испитува од кои сметки бизнисменот Орце Камчев, кој наводно го пријави сопственикот на 1ТВ, Бојан Јовановски, дека му зел рекет, повлекол 1,5 милион евра, дознава „Независен весник“ од извори во Обвинителството. Обвинителството нема да го испитува потеклото на парите бидејќи тие не биле стекнати сега, а нема ни да го гони Камчев бидејќи дал мито за Јовановски да влијае врз специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да ја запре истражната постапка против него.

Парите, како што изјави обвинителката Вилма Русковска, не биле обележани, но Обвинителството обезбедило снимки и од разговори и видеоснимки. Обвинителката вели дека сведокот нема да го гонат бидејќи не се гони некој што пријавил кривично дело.

Обвинителството води и финансиска истрага за цел имот што го поседува Јовановски и другиот осомничен, бизнисменот Зоран Милески-Кичеец. За имотот за кој нема да можат да го докажат од каде им е, ако обвинителството подигне обвинение против него, ќе бара одземање на тој имот.

Сопственикот на 1ТВ Бојан Јовановски познат како Боки 13  беше уапсен на Граничниот премин по налог на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.

 Освен Боки 13 во акцијата беше уапсен и Зоки Кичеец.

Обезбедените видеа и аудио-атеријали се само за овој случај, за овие двајца осомничени, кажа обжвинителката Вилма Рускоска во интервју за телевизија 24. Понатаму во истрагата дали ќе се појават докази за обвинители, за политичари, за луѓе од јавниот живот ќе видиме, кажа јавната обвинителка Вилма Русковска. Таа додава и дека инволвираноста на јавен обвинител во овој случај, сега засега не може да се докаже.

– Доколку се појават цврсти докази сигурно дека истрагата ќе биде проширена, но сега навистина неможам да шпекулирам и било несериозно од мене како обвинител да кажам во која наоска може да не одведе истрагата, вели Рускоска.

На прашање дали не е исклучена можноста истрагата да се прошири не само на политичари, туку и на обвинители зависно од тоа што ќе се открие, Русковска одговори потврдно додавајќи дека „апсолутно не е исклучена можноста, но тоа е само можност“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.07.2019 - 08:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега