Обвинителството ќе гони 3 лица за пожарот во модуларната болница во Тетово

Државното обвинителството лоцирало кривична одговорност кај повеќе лица за пожарот во модуларната болница во Тетово, но за „Сител“ велат дека случајот сè уште е во фаза на предистрага.

Претходно беше објавено дека ќе бидат поднесени четири кривични пријави, и тоа три против физички и една против правно лице, но од Обвинителството ниту ја потврдуваат, ниту ја демантираат информацијата.

Од обвинителството велат дека ќе има кривични пријави, но засега не се открива кон колку лица ќе бидат поднесени истите.

Деталите се очекуваат наскоро, кога и официјално ќе биде поднесено обвинението за случајот.

Во пожарот на модуларната болница, која изгоре поради продолжен кабел според германски експерти, починаа вкупно 14 лица.

13.05.2022 - 21:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега