Обвинителството бара парични казни за случајот „Боемска“

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог против две физички лица и едно правно лице во случајот „Боемска“. Станува збор за угостителскиот објект во кој на 3 јуни во внатрешноста беа послужени пет гости, спротивно на здравствените протоколи.

Затекнатите гости, како што стои во соопштението од судот, не подлежат на кривична одговорност.​

– Обвинетите, на 3 јуни, во периодот од 13:30 до 18:00 часот, во угостителски објект на улицата „Боемска“, не постапиле согласно прописите и наредбите за спречување на ширењето на заразната болест COVID-19. Првообвинетата, како сопственик и управител-менаџер на обвинетото правно лице, не го организирала процесот на работа на угостителскиот објект согласно Протоколот за отворање и работа на угостителски објекти за исхрана. Второобвинетиот – вработен во правното лице, во наведениот период го отворил внатрешниот, затворен дел на угостителскиот објект за работа, каде со храна и пијалоци биле послужувани пет гости. Со овие дејствија обвинетите сториле кривично дело санкционирано во ставот 1 од член 206 од Кривичниот законик, а правното лице – кривично дело предвидено во ставот 2 од истиот член, се наведува во соопштението од Судот.

Предлогот на обвинителот е двете физички лица да бидат казнети со парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 25 евра, а за правното лице се предлага парична казна во висина од 150.000 денари. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.10.2020 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега