Обвинет за 27. април до Заев: „Имам две малолетни деца премиере"

Обвинет за настаните од 27 април и премиерот Заев си подадоа рака. Илија Петрушевски кој одговара за насилство сторено во собранието, денеска во судница му се извини на премиерот Зоран Заев кој сведочеше за настанот.

- „Се извинувам и на премиерот и на сите загрозени таа вечер во Собранието. Бев изманипулиран, сите знаеме како се најдовме таму. Јас не удирав, бев присутен неколку минути. Имам две малолетни деца премиере“, рече Петрушевски додека се ракуваше со Заев, пренесе Сител.

Ќе жалам ако добие казна бидејќи има две малолетни деца, изјави Заев во судницата и најави дека нема да бара отштета од обвинетиот, а надвор по судењето побара никогаш да не се повторат тие настани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.11.2019 - 18:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега