Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа, особено долж Повардарието и во источните делови, повремено ќе биде засилен и ќе надминува 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималните утрински температури ќе се движат од –13 до –5 степени Целзиусови, додека максималните дневни температури ќе бидат во интервал од –4 до 3 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во претпладневните часови во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до –9 степени, а максималната ќе достигне до 2 степени.

Според прогнозата на УХМР, во наредниот период следува стабилно и суво време, но со студени утра и негативни утрински температури насекаде во земјава. Во вторник, наместа дневните температури ќе останат под нулата, додека од среда се очекува нивно постепено зголемување. Од средината на седмицата, по котлините ќе има услови за појава на магла.

Exit mobile version