Облечете се топло и не излегувајте без чадор: Денеска имаме студено време и дожд

Променливо облачно и постудено, во источните делови на места ќе провејува слаб снег, а на југоистокот ќе има слаб дожд. Ќе дува засилен до силен северен ветер, на повеќе места со брзина и над 70 км/час.

Утринските температури ќе се движат од -3 до 5 степени, додека дневните во интервал од 1 до 10 степени.

Во Скопје претежно облачно и ветровито со засилен северен ветер со  максимална дневна температура од 8 степени.

 

Времето утре ќе биде умерено облачно со умерен ветер од северен правец. Од утре доаѓа и стабилизацијата на времето со пораст на дневните температури.

16.03.2023 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега