Објавен јавниот повик за субвенционирање на занаети во Старата скопска чаршија

 

Град Скопје го објави јавниот повик за субвенционирање на занаетчии во Старата скопска чаршија со кој ќе може да се набават алати и репрометаријали за занаетите што се на изумирање.

Ќе се субвенционира набавката на алати и репроматеријали до 80 проценти од докажаните трошоци, но не повеќе од 50.000 денари, со вклучен ДДВ.

Повикот трае до 20 декември, а ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен. Од Град Скопје информираа дека ќе се субвенционираат само докажаните трошоци направени во периодот од 1 јануари до 20 декември годинава.

Право на учество имаат занаетчии кои не добиле буџетски средства за субвенционирање од други извори, кои имаат подмирени обврски кон државата и кон вработените, кои започнале со работа најмалку една година од објавувањето на јавниот повик и кои се регистрирани согласно Законот за занаетчиска дејност.

Јавниот повик е објавен и на веб-страницата www.skopje.gov.mk, а барањата за субвенционирање се достапни во архивата на Град Скопје.

Апликацијата и комплетната документација треба да се достават во затворен коверт на адресата Град Скопје, Сектор за локален економски развој, булевар Илинден, број 82, 1000 Скопје (со назнака – Комисијата за спроведување на постапка – Пријава за јавен повик за субвенционирање на занаетчии за набавка на потребни алати и репроматеријали за занаети во изумирање во Старата скопска чаршија), најдоцна до 20 декември.

Дополнителни информации може да се добијат и во Секторот за локален економски развој на телефонскиот број 3297 284 или преку e-маил адресите: Fevzi.Mani@skopje.gov.com и Biljana.Stojmanovska@skopje.gov.mk

Доколку се исцрпат предвидените финансиски средства, Градот Скопје ќе го објави завршувањето на јавниот повик на својата веб-страница.

Јавниот повик е објавен согласно Пограмата за финансирање на проекти за развој на занаетчиството, угостителството и трговијата за 2019 година

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2019 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега